Прекрасен, традиционално наместен простор,изграден од камен и дрво, со камин, со рачно изработени килими постелени по подовите,со големи прозорци и поглед на шума .Топлиот дизајн и пријатната атмосфера се хармонично комбинирани со локалната кујна и одличните вина од регионот. Услугата е дискретна и сo пријателско расположение ,цените логични.Ресторанот е отворен и за социјално корпоративни настани.